Франција е во исчекување на резултатите од повредата на голгетерот на Ливерпул, Уго Екитике откако се повреди на вчерашната реванш пресметка против ПСЖ, кога мораше да го напушти теренот уште по првиот дел.
Екитике доживеа повреда на ахиловата тетива, и веднаш се виде дека не е добро. Најпрво на носилки беше изнесен од теренот, а потоа замина на дополнителни лекарски прегледи.
Информациите велат дека е можно дури францускиот напаѓач да го пропушти настапот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада и да не биде на располагање на селекторот Дидие Дешамп. Тоа би било сериозен удар за Франција ако Екитике не успее да се опорави до почетокот на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

