И покрај тоа што победи во Мадрид на реваншот против Атлетико, Барселона е елиминирана од Лигата на шампионите поради поразот од 0-2 на домашен терен во првиот меч.
Фуриозно тргнаа „Каталонците“, водеа 2-0 уште во 24. минута, и се чинеше дека ја имаат контролата, Меѓутоа Атлетико успеа да постигне гол, а Барселона останува без трофеј од ЛШ 11 години по ред.
„Одигравме фантастично прво полувреме. Моравме да постигнеме повеќе голови. Беше навистина можно. Сепак, примивме гол. На крајот на краиштата, тоа е фудбалот. Но, со ставот на моите играчи сум навистина горд “, рече тренерот на Барселона, Ханси Флик, и додаде:
„Следниот чекор е да ја освоиме Ла Лига. Мора да го потврдиме ставот, менталитетот. Сите сме разочарани. Голем сон е за сите да ја освојат Лигата на шампионите. Секако дека мора да учиме, но имаме и млад тим. Мора да се подобриме и ќе се подобриме следната сезона .“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

