ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Вардар и Шкендија и натаму во мртва трка за титула, а за опстанокот – ЛУДИЛО

Горан Бошев

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 27. КОЛО

Еден бод беше, и еден бод остана разликата помеѓу Вардар и Шкендија во трката за титулата во ПМФЛ и после 27. коло. Вардар на „мускули“ го совлада Работнички, а Шкендија немаше проблеми против Шкупи, па сервираше „петарда“. Моменталниот лидер на табелата Вардар со еден гол, и тоа прекрасен на Стефан Цветковиќ успеа да го добие мечот со градскиот ривал Работнички, кој, пак, грчевито се бори за опстанокот.

Токму за опстанокот е лудило. Шкупи е веќе испаднат, а за го избегнат најлошото во битка се три тима: Пелистер, Работнички и Македонија ЃП. „Лавовите“ направија мал чекор после лошата серија освојувајќи еден бод од Струмица. Работнички беше поразен, а разочарувачања кај Пелистер продолжуваат, и покрај тоа што пред две кола овој тим ја совлада Шкендија во Тетово. Да не беше тој триумф, сега Пелистер ќе беше далеку од опстанок. Но, сите три тима ги очекува жестока битка за опстанокот. АП Брера Струмица и Арсими ќе се борат за тоа кој ќе го избегне бараж местото, а тука е и Башкими. Тиквеш по серијата на одлични резултати исплива.

Силекс ја продолжува потерата за третата позиција. Стурга ТЛ и натаму игра неубедливо оваа пролет, а Силекс со три победи по ред успеа некако да се доближи до седум поени разлика, но и натаму е далеку од ТОП 3.

Последни шест кола во кои се очекуваат многу битки, многу нервоза, притисок, напнатост, клучни натпревари после кои ќе се знае кој ќе се радува на титулата, кој ќе остане во Првата лига, а кој ќе мора да се помири со настап во второлигашка конкуренција идната сезона.

Веќе следното коло може да реши многу работи околу првото место. Вардар веќе има три бода во мечот со Шкупи, додека Шкендија има „жешко“ гостување во Кавадарци кај Тиквеш. Интересни ќе бидат и битките за опстанок. Работнички го чека Арсими, а Пелистер игра против Македонија ЃП.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Стефан Цветковиќ (Вардар)

Победа на Вардар со која ја задржа предноста на првото место на табелата во режија на Стефан Цветковиќ. Играчот на „црвено-црните“ погоди од слободен удар и така донесе важни три бода во оваа пролет неубедливите настапи на „црвено-црните“.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Борче Христов (Тиквеш)

Да се победи Струга ТЛ на нејзин терен и не е некоја сензација, особено во пролетниот дел во кој стружани имаат многу полоши резултати, но Тиквеш оваа пролет игра одлично под водство на Борче Христов. Кавадарчани успеаја да стгинат до нова победа, особено после поразот на домашен терен од Силекс со 0-3, и така да стигнат до 12. победа која им гарантира опстанок, нешто што беше цел пред почетокот на сезоната.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Стефан Цветковиќ (Вардар)

Од слободен удар Србинот во редовите на Вардар, Стефан Цветковиќ успеа да постигне прекрасен гол, и да ја донесе победата на својот тим во мечот со Работнички. Кога не може од игра, може од прекин. Тоа му успеа на Цветковиќ, и што е најважно, Вардар со овој гол и овој триумф ја продолжи битката за титулата. Цветковиќ се покажа како добро засилување за „црвено-црните“ оваа пролет.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 27. КОЛО:

Се вчитува...