Партизан попладнево го официјализираше трансферот на Жофри Ловерњ, францускиот втеран кој по дванаесет години се врати назад во таборот на „црно-белите“.
Ловерњ отсекогаш важеше за миленик на навивачите откако беше именуван за капитен од страна на тогашниот тренер Душко Вујошевиќ. При заминувањето Французинот вети дека еден ден ќе се врати назад меѓу „црно-белите“, ветување што го исполни со денешниот потпис на договорот.
Големиот ас вчера го носеше крстот на чело на поворката при погребот на Душко Вујошевиќ, слика што одекна низ целокупниот кошаркарски свет.
Денеска, тој потпиша договор со Партизан со кој ќе може уште сезонава да настапува за српскиот кошаркарски гигант и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Пењароја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

