Алкараз ги загрижи фановите: Повредата е потешка од што мислев

Карлос Алкараз се откажа од натамошнит настапи на турнирот во Барселона. Тој дојде во Барселона веднаш по поразот во финалето на Монте Карло од Јаник Синер, но не покажа знаци на слабост.

Во првиот натпревар, тој го победи Ото Виртанен со 2-0 во сетови, но се пожали на проблеми со зглобот. По откажувањето тој објави лоши вести за неговите фанови.

„За жал, нема да можам да продолжам на овој турнир. Почувствував како ми попушта зглобот за време на натпреварот. По тестовите, видовме дека повредата е посериозна отколку што сите очекувавме и морам да го слушам своето тело. Со голема тага морам да си одам дома за да почнам со закрепнување што е можно поскоро со мојот тим, лекарите и физиотерапевтот и да се обидам да бидам што е можно поздрав за турнирите што ме очекуваат“, изјави Алкараз. 

Се вчитува...