Кошаркарите на ТФТ испишаа клупска историја откако стигнаа до големото финале во АБА2-лигата, со максимални 2-0 славејќи во полуфиналната серија со Сутјеска. Црногорците влегоа како големи фаворити, со далеку поголем буџет од македоскиот вицепрвак, но карактерот и храброста на „црно-белите“ од Тафталиџе пресудија, ТФТ да слави и на денешниот втор меч, прв во Скопје со убедливи 90-77, и во голем стил да го осигура пласманот во големото финале.
По мечот тренерот на Сутјеска, легендарниот Марко Симоновиќ имаше зборови на пофалба за македонскиот тим.
„Честитки за ТФТ за одличниот меч беа помотивирани од нас. Што се однесува на нас мислам дека направивме добра работа. Планиравме да ја играме АБА 2 лигата, но не очекувавме далеку да стигнеме, така да и ова е добра сезона за нас. На ТФТ од срце му посакувам да ја освои титулата во ова натпреварување“, изјави Симоновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

