ШОУ ВО МИНХЕН: Баерн во „епски“ меч со седум гола преку Реал до полуфинале во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва во епски натпревар славеа со 4-3 на домашен терен против шпанскиот великан Реал Мадрид.

Гостите поведоа по само 36 секунди со голот на Арда Ѓулер (0-1) по големата грешка на Мануел Нојер. Лунин му возврати со иста мера на Нојер па по неговата грешка Павловиќ стрелаше за 1-1 во 6. минута. Со неверојатен „резантен“ удар од слободен удар Ѓулер со својот втор гол донесе ново водство за „кралевите“ од 1-2 во 29. минута. Хари Кејн израмни на 2-2 во 38. минута, додека до крајот на првиот дел беше 2-3 со погодокот на Килијан Мбапе во 42. минута.

Во вториот дел и двете екипи имаа шанси, а клучниот момент се случи во 86. минута кога Едуард Камавинга направи голема глупост. По еден фаул не сакаше да ја остави топката на теренот, по што Славко Винчиќ му покажа втор жолт картон. Баварците ова го искористија на најдобар можен начин, а Луиз Дијаз со неверојатен гол во 89. минута израмни на 3-3, а Олисе ги разреши сите дилеми (4-3) со голот во 94. минута.

Bayern Munich [3]-3 Real Madrid (4-3 aggregate): 89' Luis Diaz
byu/kidnamedindexfinger insoccer

Се вчитува...