Рафиња се извини за нападите врз судиите за да избегне суспензија

Откако „удри“ по судиите по елиминацијата од Атлетико, и го нарече „грабеж“, фудбалерот на Барселона Рафиња се извини на своите постапки, сметајќи дека тоа ќе го спаси од најавена суспензија поради неговите погрдни коментари.

Фудбалерот ја оправдуваше својата рекација дека бил испровициран од навивачите и во момент на тензија.

„Тоа беше реакција извршена во момент на тензија, како одговор на навивач кој ме навреди. Се извинувам за мојот гест, истиот не одговара на моите вредности ниту на мојот карактер“, изјави Рафиња.

По мечот Бразилето остро го критикуваше судењето и рече дека мечот бил „грабеж“, сметајќи дека судијата не требало да му покаже црвен картон на Ерик Гарсија, а во спротивно Атлетико не добил ниту еден жолт картон.

„Навистина сакам да го знам овој страв кај судиите Барселона да дојде до победа“, изјави по мечот Рафиња.

Сепак, тешко дека извинувањето ќе му донесе да избегне суспензија. Тој е под мониторинг од УЕФА и доколку се утврди дека имало несоодветни изјави, тогаш сигурно ќе паузира барем еден натпревар.

Се вчитува...