Доскорашниот предводник на Пелистер, Милан Стојаноски се врати во Србија и ќе биде дел од Партизан. Стојаноски е назначен за тренер на женскиот тим на „црно-белите“.
За Стојаноски ова е прв предизвик во женскиот фудбал. Досега беше тренер на младите категории на Телеоптик, каде стигна и до сениорите, а потоа кратко ги предводеше и Рад Зрењанин и ИМТ Белград. Во периодот од октомври 2025 до март 2026 беше тренер на Пелистер, но не ги оправда очекувањата, и си замина од клубот.
Стојаноски како играч беше дел од Партизан и тоа од 1997 до 2000 година, а потоа повторно од 2001 до 2004 година. Покрај Партизан, беше во Беитар, АПОЕЛ, Пегах Гилан, Бандар Абас, а беше дел и од Банат Зрењанин, БСК Белград, Локомотива и ФК Ковачевац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

