Англискиот шампион Ливерпул потврди дека Уго Екитике претрпе сериозна повреда на Ахиловата тетива.
Напаѓачот мораше да биде заменет во текот на првото полувреме од натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен на „Енфилд“ во вторникот.
Од клубот денеска потврдија дека дополнителните прегледи потврдија руптура на Ахиловата тетива.
Затоа, Екитике ќе биде надвор од терените во преостанатите недели од клупската сезона и нема да може да учествува на Светското првенство ова лето со Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

