Циркус за сите пари: Шумахер пред ТВ екраните ќе ја прави свадбата со својот дечко

Поранешнот возач во Формула 1, Ралф Шумахер наскоро повторно ќе стапне на лудиот камен, но овој пат, пред милионска публика.

Во мај, Шумахер планира да го каже судбоносното „да“ со својот партнер Етјен Бускет-Касањ, со кого е во врска од јули 2024 година. Целиот настан ќе биде претворен во телевизиски спектакл, пишуваат германските медиуми.

Двојката неодамна официјално ја потврди веста за венчавката преку социјалните мрежи, додека поканите за тридневната прослава веќе пристигнаа на адресите на гостите. Сепак, она што привлече посебно внимание е фактот дека нивната љубовна приказна ќе биде прикажана во формат на реално шоу наречено „Ралф и Етјен: Велиме да“, кое ќе го следи нивниот заеднички живот и подготовките за брак.

Шумахер се појави на презентацијата на телевизиската програма на „Скај“ во Минхен, каде што на сцената му се придружи и неговиот партнер, што дополнително потврди колку сериозно пристапуваат кон овој проект.

Се вчитува...