Ништо од Чаби Алонсо на „Енфилд“: Ливерпул преговара со друг тренер!

Се поизвесено е дека ќе има промена на менаџерската функција во Ливерпул на крајот од сезоната. Долго време се зборуваше дека Чаби Алонсо е идеален кандидат за челниците на Ливерпул и дека тој ќе биде новиот тренер на Ливерпул.

Сепак, се случи голем пресврт и ново име стана фаворит за клупата на тимот од Енфилд.

Станува збор за Јулијан Нагелсман, чии претставници беа во контакт со челниците на Манчестер Јунајтед во последните неколку дена, но сега има клуб за кој е повеќе заинтересиран.

38-годишниот тренер се смета за еден од најпрогресивните млади тренери во Европа и, и покрај своите години, веќе има богато искуство на врвно ниво.

Нагелсман ја започна својата тренерска кариера во Хофенхајм, а потоа следеше преселба во Лајпциг.

Таму дополнително го зајакна својот углед, а во 2021 година стана тренер на Баерн Минхен, каде што ја освои титулата шампион на Германија.

Тој ја презеде функцијата селектор на Германија во 2023 година, иако преселбата дојде откако не успеа да добие работа на клупата на Челси.

Нагелсман има јасна желба да работи во Англија, а како што стојат работите, Ливерпул му нуди можност да го оствари тоа.

Наводно, претставниците на Нагелсман разговарале со челниците на Ливерпул, кои се многу поблиску до завршување на работата.

Пристигнувањето на „Енфилд“ би било полн погодок за Нагелсман, но и за Ливерпул, според многу фанови на овој тим.

Сепак, ништо од тоа нема да се случи пред да заврши Светското првенство, каде што Нагелсман сака да стигне до финалето со Германија.

Се вчитува...