Се уште не стивнуваат реакциите од Мадрид по синоќешниот дуел во Минхен, по кој Баерн се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако во епски натпревар славеа со 4-3 против шпанскиот великан Реал Мадрид.
Но, се чини дека, во ситуација кога мечот одеше кон продолжение, во голема мера пресуди словенечкиот судија Славко Винчиќ кој во 86. минута за помалку смешна ситуација му додели втор жолт картон на Едуардо Камавинга.
Сето тоа денеска предизвикува огромни реакции во Шпанија, но и во Европа, каде голем број фудбалски аналитичари се согласуваат дека помалку е чудна ситуацијата и моментот во кој, за такво нешто, се доделува црвен картон.
„Не сакам воопшто да заземаме страна… Но, кога се носи судиска одлука мора малку да се има чувство за моментот на мечот, актуелноста на резултатот и секако ситуацијата. Да се исклучи играч за мало задржување на топката, и тоа во 86.минута, и тоа на еден таков меч меѓу два гиганти притоа со израмнет резултат кој води кон продолженија, е дефинитивно немање чувство за судење и игра. Треба да си нискоинтелегентен за да не ја процениш ситуацијата, и да знаеш дека не може во еден таков момент за такво смешно нешто да донесеш така екстремна одлука која на крај го одлучи натпреварот“ – се дел од коментарите на фудбалските аналитичари од Англија за „Скај спортс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

