Реал Мадрид доживеа елиминација од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите, во драматичен натпревар кој беше одлучен во последните минути од средбата.
Едуардо Камавинга доби втор жолт картон за задржување на играта во 86. минута, па на глупав начин го остави својот тим на цедило, кој после тоа прими два гола за елиминација.
Така, Камавинга стана еден од трагичарите на Реал, а коментарите по натпреварот беа брутални кон Французинот.
Тие го сметаат за предавник, па Камавинга конечно се одлучи и да се огласи околу случувањата во Минхен.
„Ја преземам одговорноста за мојата игра. Се извинувам на мојот тим и на целиот Мадрид. Ви благодарам за поддршката“, напиша Французинот.
Но, дури ни тоа не помогна за навивачите на Реал да го заобиколат во нападите….
„Нема за што да се зборува“, „Овој човек реши да се зафркава со клубот“, „Каква реклама: Испаѓаме!“, „Нема смисла сега да се каже ништо“, „Размисли добро ако сакаш да играш фудбал“, се само дел од коментарите на навивачите на Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

