Чеферин од Македонија замина со уникатен подарок од ФФМ – нашата гордост, македонскиот шарпланинец! (ВИДЕО)

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин вчера, на покана на првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, беше во посета на Македонија посетувајќи го секако, и комплексот „Куќа на фудбалот“ каде беа реализирани и разговорите околу идната соработка меѓу двете институции во насока за нова поддршка од УЕФА за развојот на македонскиот фудбал.

Меѓу другото Чеферин и Омерагиќ си разменија и меѓусебни подароци.

Претседателот на ФФМ на првиот човек на УЕФА лично му подари и уметничка слика од Лазар Личеновски, но Чеферин замина од Скопје и со уште еден уникатен подарок – нашата национална гордост македонскиот шарпланинец…

Се вчитува...