Фудбалерот на Шкендија, Ване Крстевски пред денешната пресметка против Тиквеш во Кавадарци од 28. коло во ПМФЛ, која стартува од 15 часот, вели дека сега веќе „секој натпревар за тетовци до крајот на сезоната е како финале“.
Тетовскиот тим и актуелен првак нема право на грешка во првенствените натпревари, ако сака одбрана на титулата. Особено што нивниот ривал за освојување на шампионскиот пехар Вардар, игра против Шкупи.
Затоа Шкендија мора да го најде рецептот за победа од Кавадарци, за да ја задржи разликата од еден бод во битката за првото место.
„Имавме многу густ распоред сезонава, и постои еден вид физички замор, но заморот не постои во нашите глави. Добро сме подготвени за предизвикот и против Тиквеш подготвени сме да дадеме максимум. Поразот од Пелистер ни послужи како лекција каде треба да се подобриме, а тоа го покажавме со победата на следниот меч. Сега сме во фаза каде што секој натпревар до крајот ќе биде како финале. Ќе го дадеме максимумот на секој меч, одиме на победа против сите противници. Мечот со Тиквеш ќе биде за нас посебна приказна, и не треба да се базираме на минатите резултати. Играме против квалитетен тим, па затоа е потребна максимална концентрација. Натпреварите против нив се секогаш отворени, и изобилуваат со добар фудбал. Одиме во Кавадарци со една цел – да ги освоиме трите бода“, вели Крстевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

