Светското првенство во снукер што се одржува во Шефилд редовно е главен настан во овој спорт, мотивација за секој играч, а особено за Марк Вилијамс.
Легендарниот Велшанец има три титули светски првак, последната во 2018 кога вети дека ако го освои трофејот ќе дојде гол на завршната прес-конференција. Новинарите со нетрпение го очекуваа, а Вилијамс го одржа зборот доаѓајќи разголен, само со пешкир врзан околу половината.
Сега, 51-годишниот Вилијамс даде ново ветување, ако годинава стане светски првак во снукер, гол ќе трча по автопат.
„Би сторил се за нова титула, но годините минуваат и се помали се шансите оваа желба да ми се исполни. Имам проблеми со видот, ќе морам да заминам на операција и свесен сум за ризикот, тоа може да значи и крај на мојата кариера. Не знам дали е од отсјајот од ТВ-светлата или од нешто друго, проблемот станува се посериозен и морам да работам на него, да го задржам фокусот. Како што реков, шансите за титула се се помали од година во година, а доколку ми се исполни оваа желба, ќе трчам гол по автопатот од Лондон до Кардиф. Не чувствувам притисок, туку привилегија што сум снукер играч, што ја играм оваа игра, патувам по светот и уживам во тоа. Татко ми 30 години работеше во рудник, дедо ми дури 50 години, тоа е притисок, а не ова моето“, истакна Марк Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

