Манчестер Сити в недела ќе го пречека Арсенал во решавачкиот меч за конечниот изглед на табелата против Арсенал, дуел на кој „граѓаните“ мораат да слават за да се вратат целосно во трката за титулата.
Пеп Гвардиола е свесен за значењето на натпреварот, но стратегот на Сити се соочува и со проблем откако главниот дефанзивец Рубен Дијаз отпадна од комбинација поради повреда.
Португалецот ја загуби трката со времето и дефинитивно ќе го пропушти неделното дерби, но добра вест за Сити е што Нико О’Рајли, кој игра во животна форма изминатите месеци, ги надмина проблемите по ситната повреда заработена минатиот викенд против Челси.
„Рубен нема да може да ни помогне. Се обидовме, но не успеавме, тој нема да биде во тимот. Нико е ОК, тој ќе биде со екипата“, истакна Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

