Хенес: Тухел се жалеше за се и сешто, Компани е идеален тренер за Баерн

Ули Хенес не го крие задоволството од она што Винсан Компани го прави како шеф на стручниот штаб на Баерн Минхен. Долгогодишниот првак човек на баварскиот гигант е импресиониран од сегашниот кормилар, а последното гостување на германските медиуми го искористи и за да го критикува отворено поранешниот тренер Томас Тухел.

Според Хенес, главна разлика меѓу Компани и Тухел е односот на двајцата тренери кога резуултатите не одат според посакуваното, ситуации во кои сегашниот англиски селекторот секогаш вината ја барал на друго место.

„Под Компани секој фудбалер напредуваше, моментно е подобар отколку пред две години. Она што мене лично ми е најважно, односот на тренерот на Баерн мора да е на ниво, како што е тоа случај со Компани. Сме губеле натпревари и тој никогаш не излегол да се жали дека нешто му недостига. Со Тухел никогаш не беше тој виновен, секогаш управата не му исполнила некоја желба или играчите не го слушале. Ми треба десен бек, Кимих не е доволно добар… зошто не ми купувате лев бек за резерва. Еднаш ми рече дека Гравенберх бил тотално неупотреблив фудбалер, a сега го гледаме овој играч како еден од клучните во Ливерпул. Тухел еднаш праша пред сите дали Павловиќ разбира германски, а знаеме дека тоа момче е родено овде. Сите овие работи се недозволиви, таков однес не прилега на клуб како Баерн. Затоа сите сме горди што сега имаме човек како Компани за тренер“, истакна Хенес.

Се вчитува...