Фудбалерите на актуелниот шампион на Македонија, Шкендија имаат сигурна предност од 0-3 на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш во вториот натпревар од денешната програма од 28. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.
Гостите од Тетово поведоа со 0-1 уште во 15. минута со погодокот на Анес Меличи. Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот шампионат Бесарт Ибраими зголеми на 0-2 во 36. минута, додека до крајот на првиот дел беше и 0-3 со погодокот на Љатифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

