Најновата и најсовремена мотопатека FIA / FIM во Бугарија го најавува својот прв меѓународен мотоциклистички Track Weekend

A1 Motor Park – новата мотоспорт дестинација на Балканот ги отвора вратите за интернационалните возачи

На 25 и 26 април, Бугарија се позиционира како вистински hotspot за љубителите на брзината и мотоспортот. Новоотворениот A1 Motor Park ќе биде домаќин на премиерното издание на Lara Racing Trackdays – дводневен Track Weekend што носи адреналин, перформанс и врвно тркачко искуство.

Настанот обединува возачи од различни земји и нивоа на искуство, создавајќи динамична и инспиративна атмосфера каде страста кон брзината е заедничкиот јазик. Програмата вклучува отворени сесии, тркачки формат и целосно искуство на патеката – идеално за сите кои сакаат да го почувствуваат вистинскиот дух на мотоспортот.

Домаќин на настанот е најновата патека на Балканот – A1 Motor Park, лоцирана во близина на Самоков, на само 50 минути од Софија. Дизајнирана според највисоките стандарди на FIA и FIM, патеката ги исполнува сите критериуми за организирање врвни меѓународни настани, вклучувајќи и тестирања за Формула 1, Формула 3 како и за трките на шампионатите на World Superbike.

A1 Motor Park

Од првиот ден, учесниците ќе имаат можност да возат во отворени сесии, заедно со интернационални и регионални имиња од мотоциклистичката сцена, меѓу кои се австрискиот тркач Jan Mohr, како и бугарските возачи Иван Костадинов и Ники Петров, кои активно ќе учествуваат и ќе го споделуваат своето искуство директно на патеката.

 

Австрискиот тркач Jan Mohr

В недела, програмата ќе кулминира со Superpole форматот, каде фокусот ќе биде насочен кон  чистата брзина – индивидуални „flying laps“ во кои секоја секунда е пресудна, а резултатот зависи од апсолутниот максимум на возачот и машината.

Покрај акцијата на патеката, настанот нуди и комплетно paddock искуство: спектакуларно stunt -шоу, професионално фотографирање и вечерна ДЏ-забава, создавајќи опуштена, но енергична атмосфера по трките.

Спектакуларно каскадерско шоу на официјалното отворање на патеката

Котизацијата изнесува 320 евра за целиот викенд и вклучува мерење на време (timing), пристап до paddock-зоната и резервирано место во гаража (pit area). Наградниот фонд опфаќа бесплатни track days, ваучери за опрема и тркачки гуми.

За пријава и дополнителни информации:
📞 00359882323232
📧 trackday@a1motorpark.com

За максимален комфор, достапни се повеќе сместувачки опции во близина на патеката. Само 20 минути од A1 Motor Park се наоѓа Flora Hotel Boutique– првиот бугарски планински хотел кој е дел од престижната групација Small Luxury Hotels of the World, сместен во срцето на Боровец, со елегантен алпски амбиент.

Во близина е и Belchin Springs Spa Complex – еко-ресорт со минерална спа-понуда, лоциран во подножјето на четири планини: Рила, Верила, Витоша и Плана, веднаш до културно-историскиот комплекс „Цари Мали Град“ (“Tsari Mali Grad.”). Двете локации нудат совршен баланс помеѓу адреналинот и релаксацијата.

Бугарскиот возач Иван Костадинов – Van Zi

Патека по европски стандарди

Отворен пред само еден месец, A1 Motor Park е создаден со амбиција да стане една од водечките дестинации за мотоспортот во Европа. Инвеститор и главен изведувач е бугарската компанија Glavbolgarstroy (GBS), во партнерство со Asarel-Medet,  којашто го реализира проектот за помалку од една година.

Патеката е долга речиси 4 километри, со 15 свиоци и главна права од над 900 метри, што овозможува брзини до 280–300 km/h – во зависност од машината. Со 21 различна конфигурација (од 1.09 до 3.91 км), таа е идеална и за трки и за тестирања.

Комплексот ги исполнува стандардите FIA Grade 3 и FIM Category B, овозможувајќи организација на Формула 3, GT3 и различни мотошампионати. Дополнително, содржи модерни pit гаражи, paddock зона, контролна кула, медицински центар, симулаторски и тренинг зони, ресторан и хелиодром, со капацитет за до 30 000 посетители.

Спектакуларно каскадерско шоу на официјалното отворање на патеката

Се вчитува...