Артета без својата најголема ѕвезда на дербито против Сити

Арсенал доби тежок удар во пресрет на клучната пресметка за титулата во Премиерлигата. Тренерот Микел Артета потврди дека Букајо Сака нема да биде во комбинација за неделниот натпревар против Манчестер Сити, бидејќи сè уште се нема рехабилитирано од повредата.

Отсуството на најдобриот фудбалер е огромен проблем за „топчиите“, кои му гостуваат на Сити во директен дуел кој може да го одреди освојувачот на трофејот.

Натпреварот се игра в недела на „Итихад“ со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...