Шпанскиот тениски ас Карлос Алкараз приреди непријатно изненадување за домашната публика откако официјално потврди дека нема да учествува на претстојниот Мастерс турнир во Мадрид.
Иако младиот тенисер пристигна во шпанската престолнина со голема желба да ја брани честа пред своите навивачи, повредата на десната рака се покажа како посериозна пречка.
Одлуката доаѓа само неколку дена по неговиот настап во Барселона, каде што и покрај победата во првото коло, Алкараз почувствува силна непријатност во зглобот. По деталните медицински прегледи и консултации со неговиот стручен штаб, беше донесена тешката одлука за повлекување со цел да се избегне понатамошно влошување на состојбата и да се зачуваат шансите за настап на Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

