Елиминацијата на Барселона од Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид предизвика бројни реакции, а меѓу најострите беше онаа на поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари.
Светскиот шампион од 1998 година не штедеше критики кон младиот Ламин Јамал, велејќи дека тој мора да покаже повеќе од само талент за да се смета за играч од светска класа.
Дугари верува дека Јамал зборувал премногу, а покажал премалку во клучните моменти. Иако младиот напаѓач постигна гол на почетокот од реваншот, Французинот тврди дека после тоа речиси исчезнал од теренот.
„Постигна гол во четвртата минута. Па што? Тоа само покажува дека не е кандидат за Златната топка. Дембеле сигурно ќе постигнеше уште неколку голови. Малиот Ламин го имаше својот момент на слава и ништо повеќе. Ако зборувате многу, погрижете се вашиот тим да победи. Во каков свет живеете? Во реалниот свет, не правите ништо. Не сум убеден дека Барселона заслужи да помине понатаму со оглед на неговата изведба. Тој има надуено его“, изјави Дугари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

