Крај за Кари и Вориорс – Познати последните патници во плеј-офот од НБА (ВИДЕО)

Заврши уште една сезона неславно за Стеф Кари и Голден Стејт вориорс, откако тимот од Сан Франциско синоќа загуби на гостувањето кај Феникс санс со 111-96 во плеј-ин натпреварот за 8. место во Западната конференција.

Џејлен Грин со 36 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Брендин Позимски заврши со 23 поени. Во првото коло од плеј-офот Феникс ќе игра со актуелниот шампион Оклахома сити тандер.

Во мечот пак за 8. место на Истокот Орландо меџик славеше над Шарлот Хорнетс со 121-90. Паоло Банкеро со 25 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Ламело Бол постигна 23 поени. Орландо за противник ќе го има Детроит пистонс.

 

Се вчитува...