Нови проблеми во Евролигата: Навивачите на Реал гневни „Се бориш за предност на домашен терен, а потоа…“

Навивачката група на Реал Мадрид, „Берзеркерс“, апелираше до властите во Мадрид да дозволат присуство на навивачи на претстојните натпревари од четвртфиналето на Евролигата против Хапоел Тел Авив.

Во текот на регуларниот дел од сезоната, Реал Мадрид беше принуден да игра домашен натпревар против Хапоел без публика, бидејќи властите го оценија натпреварот како високоризичен.

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, „Берзеркерс“ изјавија дека не сакаат повторување на такво сценарио.

„Веќе го знаеме нашиот ривал во четвртфиналето на Евролигата: Хапоел. Се надеваме дека нашиот клуб решително ќе ги брани своите интереси и интересите на сите навивачи на Мадрид и дека ќе инсистира натпреварот да се игра со присуство на публика. Потребно е да се преземат сите можни чекори. Бараме од Владата во Мадрид да престане да се занимава со политика и да ни дозволи да уживаме во спортот“, се вели во соопштението.

Се вчитува...