Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар има предност од 0-3 на полувреме против Шкупи на меч кој се игра на тренинг комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“ во Скопје како дел од 28. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.
Номиналните гости на овој натпревар стигнаа до предност од 0-1 со погодокот на Закариќ во 10. минута од мечот. Црвено-црните зголемија на 0-2 преку Давид Бабунски во 43. минута, додека до крајот на првиот дел беше и 0-3 со aвтоголот на Ендрит Рустеми.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

