Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше со убедливи 0-7 против Шкупи на меч кој се игра на тренинг комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“ во Скопје како дел од 28. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.
Номиналните гости на овој натпревар стигнаа до предност од 0-1 со погодокот на Закариќ во 10. минута од мечот. Црвено-црните зголемија на 0-2 преку Давид Бабунски во 43. минута, додека до крајот на првиот дел беше и 0-3 со aвтоголот на Ендрит Рустеми.
Во вториот дел на 0-4 зголеми Тодоровски во 56. минута. Цветковиќ во 73. минута стрелаше за 0-5, а 0-6 беше со голот на Спахиу во 83. минута. Конечните 0-7 ги постави Омерагиќ во 92. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

