Неверојатниот ТФТ се врати од негатива од 16 поени и славеше во дербито со МЗТ

Екипите на ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром одиграа уште еден крајно интересен натпревар во Суперлигата откако денеска во дербито од 2. коло од разигрувањето за титулата славеа на домашен терен со 93-91.

Гостите фуриозно го отворија натпреварот. Постигнаа дури дваесет и шест поени, па по десет минути имаа предност од 20-26. ТФТ заигра многу подобро во одбраната во вториот период, па до паузата успеа да направи целосен пресврт и да поведе со 43-41.

Актуелниот шампион одигра неверојатна трета четвртина во која погодуваше од секоја позиција и пред последните десет минути влезе со голема позитива од 61-75. Сепак, избраниците на Боро Смилковски уште еднаш сезонава покажаа дека не се предаваат пред никого и со фуриозен последен период стигнаа до голема победа од 93-91.

Ташовски со 27 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мекјуен и Војдан Стојановски постигнаа по 18 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...