Супер-гол на Ристовски за Бохемијанс (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски по подолго време се запиша во листата на стрелци во чешкиот шампионат. Во рамките на 30. коло, Ристовски го доведе својот тим Бохемијанс во водство од 0-1 на тешкото гостување кај Острава, погодувајќи уште во 19. минута од мечот.

Ова е трет гол за македонскиот напаѓач оваа сезона, со што најавува враќање во препознатливата форма.

Неговата добра игра и ефикасност се одлична вест и за новиот селектор на Македонија, Гоце Седлоски, пред претстојните обврски на националниот тим.

 

Се вчитува...