Барселона сака да го прекине „постот“ во ЛШ: Флик подготвува летен „ремонт“

Барселона не може веќе долго да чека до успех во Лигата на шампионите, а како резултат на тоа се подготвува ремонт во каталонскиот тим, односно фактот што Ханс Флик ќе добие неколку играчи од светска класа.

Барса доживеа елиминација од Атлетико Мадрид во ЛШ, и затоа тргнува по квалитетни играчи кои ќе го донесат долгоочекуваниот пехар, кој Барселона го чека веќе 11 години.

Затоа тимот и тренерот Ханс Флик се согласни дека им се потребни засилувања за да дојдат до таа цел, и да ја прекинат „тишината“ околу освојување на трофејот во ЛШ.

Приоритет ќе биде ангажман на квалитетен голгетер, ако се има во предвид фактот дека Роберт Левандовски е веќе ветеран, и дека за некое време ќе треба да замине во пензија. Прв избор е Хулијан Алварез, но тој трансфер е финансики тежок за „Каталонците“. Затоа се разгледуваат алтернативи како Виктор Осимен, Душан Влаховиќ и Александар Сорлот.

Друга клучна позиција е лево крило. Таму ситуацијата не е решена со Маркус Рашфорд, па Барса ако не го откупи има алтернативи во Андреас Шледеруп, Виктор Муњоз и Јан Вирџили.

Третата позиција која Флик сака да ја засили е одбраната. Главна цел е Алесандро Бастони, и веројатно таа цел ќе биде остварена.

Покрај тоа, се посакува задржување на клучните играчи. Еден од приоритетите е останување на Жоао Кансело, кој се наметна како важен фактор на тимот. Во голема мера ситуацијата ќе зависи и од финансискиот „фер-плеј“ со кој Барса имаше многу проблеми во измнатиот период.

Се вчитува...