Јокиќ и Мареј го носеа Денвер до предност против Минесота во плеј-офот (ВИДЕО)

Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс со 116:105 и поведоа во плејоф серијата. Јокиќ и Мареј го предводеа домашниот тим до победа, иако гостите го започнаа натпреварот многу подобро.

Денвер се „разбуди“ во третиот периот во кој успеа да направи пресврт во мечот кој не започна добро за нив. Џамал ​​Мареј командуваше со тимот и одигра врвен натпревар, додека Никола Јокиќ ги пополни сите статистички колони, а играчите на Денвер ги погодија шутевите кога требаше – овој пат Џонсон и Браун.

Јокиќ постигна 25 поени, 13 скока и 11 асистенции за 40 минути на теренот. Неговиот шут од поле беше 11/19, со една украдена топка и пет изгубени топки. Сепак, тој ја погоди топката кога беше најважна.

Мареј беше најефикасниот играч за Денвер со 30 поени, пет скока и седум асистенции, додека Гордон исто така придонесе со 17, како и Браун и Џонсон со по 12 поени.

Ентони Едвардс постигна 22 поени, заедно со девет скока и седум асистенции за Минесота. Гобер додаде 17 и десет скока, а МекДениелс и Рендл имаа по 16 поени.

Се вчитува...