БРАВО ДАРИО! Второ место на маратонот во Белград!

Нашиот најдобар маратонец Дарио Ивановски, го заврши како второпласиран маратонот во Белград. Тој го заврши маратонот со време од 2:09.33 (официјално време 2:09.35). Иако не постави личен рекорд, сепак, ова е одличен резултат за нашиот атлетичар.

Првотото место му припадна на Гемсиса Гада од Етиопија со рекорд на стазата од 2:09.08.

Во рекорд на трката влезе и Дарио Ивановски, со оглед дека рекордот беше околу 2 часа и 10 минути.

Дарио имаше одличен втор дел од трката, каде од четвртото место, успеа да стигне до втората позиција. Оваа година белградскиот маратон имаше изменета траса, и тоа даде резултат со рекорд на патеката.

Се вчитува...