Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски, денеска го освои одличното второ место на маратонот во Белград, и постави нов рекорд на патеката од натпреварувачи од Балканот.
Ивановски ја заврши трката за 2 часа, 9 минути и 35 секунди, и го освои второто место за 24 секунди од првопласираниот Гемсиса Гада кој ја заврши трката за 2:09:11.
„Да се заблагодарам на целата организација. Тука сум веќе 10 пати, и ова ми е еден од омилените маратони и градови. Сакав да победам денеска, но сепак, завршив со второ задоволително место. После Олимписките игри, оваа трка ме врати онаму каде што припаѓам, на професионалните води да го вадам максимумот и да докажам дека Македонија има талент со кој што може да се гордее и верувам дека следната година на ЕП во Белград ќе остварам уште подобар резултат. Организацијата беше најдобра досега и посакувам оваа патека да остане засекогаш. Не можам да издвојам некоја посебна работа која ми се случи за време на трката, освен што оваа трка ја посветувам на моите најблиски и мојата фамилија, затоа што немаше да бидам тука. Благодарност до оние кои ме поддржуваат, на мојот тим и на сите околу мене“, рече Ивановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

