Турските менаџери Сезер Сезгин и Сезар Браво, кои се промовираа за косопственици на Тиквеш, добија суспензија од Турската федерација поради нелегално обложување. Двајцата биле казнети од страна на федерацијата во јануари во рок од три месеци. Токму во тој месец тие двајца станаа партнери на клубот од Кавадарци.
Одлуката е донесена согласно член 57 од дисциплинските процеси, и суспендирани се во рок од три месеци, а воедно е отворена и дисциплинска постапка против нив.

Исто така во чаршијата во Кавадарци се „бруи“ и за енормни уплати за мечот против Шкендија, кој тетовскиот тим го доби прелесно со 1-4. Сомнежите биле дека и некои од мак фудбалот имале инфо за мечот, па затоа биле уплаќани големи суми на голови, голови на полувреме, и победа на Шкендија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

