Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок планира еден голем „ремонт“ во составот, со цел да се врати на шампионските патеки. Затоа веќе почнаа шпекулациите околу новите имиња кои би требало да пристигнат на „Олд Трафорд“.
Еден од оние кои се поврзува со трансфер во Манчестер Јунјатед е фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали. Освен Јунајтед, за неговите услуги е заинтересиран и градскиот ривал Манчестер Сити.
Проценките велат дека обештетувањето за поранешниот играч на Милан би можело да се приближи до границата од дури 100 милиони евра, што јасно покажува колку е вреден неговиот профил на пазарот.
Во претходните месеци се пишуваше дека Јувентус би можел да се одлучи за Тонали, но тешко е финансиски да се израмни со понудите на тимовите од Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

