Ерлинг Халанд беше херој за својот тим во победата на Манчестер Сити над Арсенал (2-1) во дербито од Премиерлигата, но неговата впечатлива изјава по натпреварот го привлече вниманието на јавноста повеќе од голот.
Норвешкиот напаѓач го постигна решавачкиот гол, но исто така водеше жестоки дуели со стоперот Габриел Магалјаес во текот на целиот натпревар. Во еден од нив, десет минути пред крајот, Бразилецот толку силно го повлече дресот што го искина, по што двајцата заработија жолти картони по вербална конфронтација.
„Мислам дека беше за црвен картон, повеќето се согласуваат. Да паднев, ќе беше црвен, но никогаш немаше да го направам тоа. Татко ми ме научи на тоа секогаш да останам на нозе и да не бидам она на буквата „п“. Можеби требаше да паднам, ќе ни беше полесно, но не го направив тоа и добив жолт картон“, рече Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

