Бомба од С. Арабија: Салах му се приклучува на Роналдо во Ал Наср

Саудискиот гигант Ал Наср подготвува спектакуларен трансфер кој би можел да го стресе фудбалскиот свет следното лето. Главна мета на тимот од Ријад е ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, чиј договор со „црвените“ истекува на крајот на оваа сезона.

По девет незаборавни години на „Енфилд“, каде на 438 натпревари постигна неверојатни 256 голови и 122 асистенции, египетскиот „Фараон“ е подготвен за нов предизвик. Доколку се реализира овој трансфер, Салах би му се приклучил на Кристијано Роналдо, формирајќи еден од најмоќните напаѓачки тандеми во историјата на фудбалот.

Кристијано Роналдо е блиску до освојување на трофејот во Премиерлигата на Саудиска Арабија, а со Салах во тимот следната сезона ќе ја нападнат титулата во Азиската Лига на шампиони.

 

Се вчитува...