Екипата на Сплит во следната сезона нема да биде дел од АБА1 лигата откако го освои последното место во регионалното натпреврување и испадна во втората лига, иако е прашање дали хрватскиот клуб воопшто ќе се реши да игра во АБА2 во сезоната 2026/27.
Сплит вечерва гостуваше на тимот на Мега во дуел на кој хрватскиот тим мораше да забележи победа. Не само што тоа не се случи, туку кошаркарите на Мега демонстрираа целосна надмоќ на теренот, славејќи со убедливи 95-72 покажувајќи му на гостинот дека со квалитетот што го поседува не заслужува да биде дел од АБА1 лигата.
Ѓуришиќ со 17 поени беше најефикасен во победничкиот табор, еден помалку постигна Марковиќ, додека најдобри поединци кај Сплит во овој убедлив пораз беа Американците Стивенс (12) и Вигинс (11).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

