Лече дојде до голем бод против Фиорентина

Лече останува во мртва трка за опстанок во италијанската фудбалска елита откако вечерва ремизираше 1-1 со Фиорентина, по што тимот на Лече е израмнет со Кремонезе во трката за 17. позиција која значи билет за Серија А и за следната натпреварувачка сезона.

Фиорентина, која пет рунди не знае за пораз во Калчо-лигата, прва поведе и на вечерашниот дуел, со прекрасниот удар на Харисон во 30. минута.

„Виолетовите“ сепак не ја задржаа предноста до самиот крај, Лече стигна до израмнување во 71. минута, откако Тијаго Габриел одлично се снајде по еден корнер од десната страна и со глава го совлада Де Хеа.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...