Стевче Алушовски веќе не е тренер на Е. Пелистер?

Легендата на македонскиот ракомет, Стевче Алушовски, си заминува од клупата на Е. Пелистер по само три месеци поминати на функцијата. Алушовски поднел оставка веднаш по шокантната елиминација од Охрид во полуфиналето на Купот на Македонија, а управата на битолскиот клуб денеска одлучила да ја прифати.

Иако Алушовски пристигна како замена за Рубен Гарабаја со мисија да ја спаси сезоната, резултатите изостанаа. Под негово водство, тимот не успеа да се наметне во Лигата на шампионите, а по дебаклот во Купот, „пелистерци“ се соочуваат и со губење на титулата во домашното првенство.

Екипата до крајот на шампионатот ќе ја предводи помошникот Алексо Лембанов. Негов прв голем предизвик ќе биде вечното дерби против Вардар во Скопје на почетокот на мај, каде Пелистер ќе се обиде да го поправи впечатокот во оваа, за нив, разочарувачка сезона.

Се вчитува...