МЗТ Скопје со „100“ го почести Тиквеш

По поразот од ТФТ во дербито, кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром се вратија на победите откако ја оправдаа фаворитската улога против Тиквеш (102-77) во премиерниот натпревар од 3. коло разигрувањето за пласман во плеј-офот во Суперлигата.

Двете екипи напаѓачки добро го отворија натпреварот, а по десет минути игра домаќините имаа предност од само три поени 24-21. Избраниците на Васко Атанасов клучната разлика ја направи во вториот период кој го доби со +13, а на пауза меѓу двете полувремиња замина со убедлива позитива од 52-36.

Во вториот дел „металците“ само ја зголемуваа разликата за конечни 102-77. Џуан Дејвис со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Tајрон Хенри постигна 19 поени.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...