Кошаркарите на Црвена Звезда се елиминирани од Евролигата, откако се поразени од Барселона на гости со 80-72. Речиси во текот на целиот меч шпанскиот тим доминираше, и на крајот издвојува победа со која сега оди на мегдан со Монако за пласман во плеј-офот и дуел со Олимпијакос во 1/4 финалето.
Уште од самиот старт Барселона наметна иницијатива, и по првата четвртина замина со осум поени предност. Звезда никако не успеваше да фати ритам, па таа разлика на полувремето беше и 14 поени разлика.
Нешто подобра игра на српскиот тим во третиот период, успеа да намали од разликата, но и натаму беше далеку од идеално. И во четвртиот период Звезда влезе со амбиција да дојде до пресврт. Надежта беше актуелна во еден миг кога се „стопи“ разликата на седум поени, но Барселона потоа ја презеде контролата и рутински го приведе мечот до крај.
Клајбурн и Пантер беа главна фигура за Барса со по 22 поени, додека Милер-Мекинтаер кај Звезда постигна 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

