Повредата на Вембењама ги доведе Спарси во пораз, Лејкерси до 2-0 против Хјустон

Се што можеше да тргне наопаку за Сан Антонио на синоќешниот меч со Портланд, се случи. Спарси го загубија вториот меч дома откако Портланд триумфираше со 106-103, и сега серијата е израмнета на 1-1. Но, тоа не беше единствената лоша вест за Сан Антонио. Овој тим го загуби и најдобриот играч Виктор Вембењама кој по еден пад се повреди и не се врати повеќе во игра, па веројатно нема да игра на третиот натпревар.

Неговата повреда го насочи текот на натпреварот, а Портланд ги држеше Сан Антонио во последните три и пол минути, и го сврте резултатот во своја корист со серија од 11-2 на крајот.

Хендерсон „царуваше“ со 31 поен, додека кај Сан Антонио најефикасен беше Касл со 18 поени.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс поведоа во серијата со Хјустон со 2-0, откако победија со 101-94 на свој терен, и сега се блиску да се пласираат во следната фаза на плеј-офот. И покрај тоа што настапија без Дончиќ, улогата на лидер ја презеде Леброн Џејмс кој постигна 28 поени.

„Брејк“ направија кошаркарите на Филаделфија кои го победија Бостон со 111-97 на негов терен и израмнија во серијата на 1-1.

Се вчитува...