Розениор: Лут сум, проблемот на Челси не е тактички, туку за желба и дух

Менаџерот на Челси, Лиам Розениор ја истакна својата лутина после поразот од Брајтон со 3-0, со кој „сините“ се оддалечија од местата кои носат во Лигата на шампионите идната сезона.

Челси го претрпе петтиот пораз по ред во Премиерлигата, и тоа без постигнат гол, по што Розениор го лоцираше проблемот на својот тим.

„Многу сум лут. Секогаш го кажувам она што го гледам. Ова беше неприфатливо, головите кои ги примивме, и морам да ја преземам одговорноста. Ќе го оценувам тимот и како целина и индивидуална. Не беше проблемот тактиката, туку желбата, духот и храброста, а не видов ништо од тоа. Не беше доволно добро и мораме да се подобриме“, изјави Розениор.

Се вчитува...