Тешки денови за некогашниот англиски првак: Лестер испадна во Трета лига

Тешко е овие денови да си навивач на Лестер Сити. Клубот од идната сезона дефинитивно ќе игра во третата по ранг лига во Англија, откако клубот од Чемпионшип се сели во Лига еден.

Пред 10 години најубавата фудбалска бајка сега ги доживува своите најтешки денови. Клубот одигра 2:2 против Хал Сити, и на тој начин нема повеќе шанса да опстане во Чемпионшип.

Двата тима се надеваа на победа, а ремито ги „закопа“ соништата на Лестер за опстанок. Овој клуб последен пат во третата по ранг лига беше во 2009 година.

Се вчитува...