Една од ќерките на легендарниот Диего Армандо Марадона, остро го критикуваше неврохирургот Леополд Лук за време на продолжение на судењето за наводна небрежност во лекувањето на легендарниот фудбалер.
Во времето на смртта на Марадона, Кук се сметал за негов личен лекар. Џанина Марадона сведочеше пред судот на судењето против седум медицински работници, обвинети за пропусти кои, според обвинението, придонеле за смртта на славниот Аргентинец во 2020 година.
„Слушнав на телевизија дека рекол дека не му е лекар и многу сум лута што нема да преземе одговорност“, рече Џанина.
Таа нагласи дека Лук, психијатро Агустина Косахов и психолого Карлос Дијас, биле клучни за здравјето на Марадона и одлуката да се изолира дома, каде што, како што тврди таа, неговата состојба се влошувала секој ден без соодветен третман.
Од друга страна, адвокатите на Леополд Лук тврдат дека Џанина и нејзината сестра Далма сносат дел од одговорноста, затоа што не реагирале доволно брзо за време на долготројното влошување на здравјето на нивниот татко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

