Арбелоа: Се надевам дека Винисиус ќе остане, фановите го сакаат

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа не знае дали ќе остане на клупата на „кралевите“ и идната сезона, но одговори на прашањето околу иднината на крилниот фудбалер Винисиус Жуниор.

Арбелоа седна на клупата на Реал откако го замени Чаби Алонсо, но откако не упсеа да освои ниту еден трофеј, веројатно ги брои последните недели како прв тренер на најтрофејниот тим во ЛШ, и има многу кандидати за негов наследник.

„Околу новиот договор на Винисиус, се надевам дека ќе остане во Реал Мадрид. Луѓето тука, навивачите навистина го обожаваат“, рече Арбелоа.

Винисиус во последните години е во центарот на скандали со неговото однесување, но и неколку пати беше цел на расистички напади.

Се вчитува...