Џуд Белингам ги проширува своите деловни интереси надвор од фудбалот. Англискиот репрезентативец и играч од средниот ред на Реал Мадрид купи 1% удел во крикет франшизата Бирмингем Финикс, пишуваат британските медиуми.
Договорот е вреден околу 800.000 фунти (околу 920.000 евра). Белингам купи 0,5% од 51% удел на Ворикшир и дополнителни 0,5% од американската група „Најтхед Инвестмент Менаџмент“, која минатата година плати 40 милиони фунти за 49% удел.
Најтхед е исто така сопственик на фудбалскиот клуб Бирмингем Сити, каде што Белингам ја започна својата кариера пред да се пресели во Борусија Дортмунд како 16-годишник во 2020 година, а потоа во Реал Мадрид во 2023 година.
Белингам бил страствен љубител на крикет како момче. Тој играл за крикет клубот „Хагли“ во Вустершир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

