Второлигашот Охрид и кратовски Силекс одиграа без победник (1-1) на првиот натпревар од првата полуфинална пресметка во Купот на Македонија.
На дуелот кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, сите поголеми возбудувања се случија во првото полувреме.
Охриѓани поведоа по мајсторска акција на половина тим во 35. минута, која убаво од непосредна близина ја круниса најдобриот стрелец на Охрид, Иван Глигоров, а на асистенција на Бакрачески.
Претходно, Силекс имаше две убави шанси во 32. и во 33. минута, но од непосредна близина не успеаја да реализираат Мирчевски и Алиќ.
За да, конечно во првата минута од судиското продолжение Силекс успее да искористи една од своите шанси. Одлично по левата страна се проби Дарко Додев, нафрли пред голот на домашните каде Ади Алиќ со глава стрелаше во мрежата на охриѓани за 1-1 по првите 45 минути.
Во второто полувреме далеку помалку возбудувања на теренот.

Најголемата шанса ја имаше Дарко Додев во 78 минута од средбата кога изби сам пред домашниот голман, но не успеа да погоди и за победа на Силекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

